дома Политика Македонија Македонија им рече ДА на ЕУ и НАТО

Македонија им рече ДА на ЕУ и НАТО

31

По дводневно натегање, пратениците со двотретинско мнозинство вечерва ги изгласаа уставните измени. Со 81 глас “за” и ниту еден против и воздржан е донесена одлука за прогласување на сите амандмани кои произлегуваат од договорот од Преспа.

Владата под притисок на БЕСА прифати два видоизменети амандмани. Првиот е за амандманот XXXIV на Уставот и со него Преамбулата на Уставот ќе гласи „граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“. Со видоизменетиот амандман на амандманот XXXVI на Уставот новиот текст ќе гласи „Републиката се грижи за дијаспората  на македонскиот народ и за дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите и ги негува и унапредува врските со тактовината“.

Државјанството останува македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, а прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно.

Веднаш по изгласувањето на уставните измени изјави дадоа и високата претставничка и потпретседателка на Европската Комисија Федерика Могерини и на комесарот Јоханес Хан.

„Изразуваме срдечни честитки за денешното гласање за уставните измени во Парламентот. Ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот Договор од Преспа. Политичките водачи, како и граѓаните, покажаа решеност да ја искористат оваа единствена и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот, и одлучно да продолжат по патот кон Европската Унија. ЕУ силно го поддржува овој договор, кој дава пример за помирување за регионот и за цела Европа. Во очекување да се исполнат следните чекори кои водат кон целосно спроведување на Договорот од Преспа, Европската Унија останува силно посветена да продолжи целосно да ја поддржува и придружува земјата во остварувањето на заедничката стратешка цел – ЕУ интеграцијата.“ -изјави Федерика Могерини.

А, слушнете ја и изјавата на комесарот Јоханес Хан: