Од средата, светот остана без човечка и фудбалска величина, каква што несомнено беше Диего Армандо Марадона. Срцето конечно го предаде Марадона, а неговата смрт е една од главните теми со денови.

Целиот свет пишува за Ел Пибе, за последиците од смртта, неговиот погреб, но и тажните сцени на сите континенти. Сега се појави уште една неверојатна информација. Имено, аргентинскиот весник „Кларин“ објави дека Марадона е погребан без срце.

Се наведува дека овој потег е направен откако лекарите при обдукцијата забележале дека срцето на Марадона е поголемо од нормалното, па во договор со семејството, тоа било испратено на дополнителни прегледи.

Аутопсијата покажа дека причина за смртта е белодробен едем, што доведе до срцев удар. Утврдено е дека срцето на Марадона било зголемено и слабо и дека потешко пумпало крв во остатокот од телото и дека за легендата едноставно немало спас. А.Р.