Мајките на продолжено породилно (родителско) отсуство вчера протестираа по втр пат пред Владата на РСМакедонија барајќи итна средба со премиерот Зоран Заев и продолжување на прородилното остуство до крајот на годината! Но, Заев не успеа да ги прими вчера, а ни денес. Мајките утре треба да појдат на работа, а состанокот со премиерот е закажан за четворток?! Дали мајките ќе бидат ослободени од работодавачите да излезат да одат на состанок со премиерот не се знае, но прашањето останува да виси дали премиерот Заев знае дека мајките во четврток веќе треба да бидат на своите работни места и секаква средба со него ќе биде беспредметна или, пак, министерот за здравство Филипче, на денешната прес конференција закажана за 13 30 часот ќе соопшти нешто друго?!

Како и да е оставаме да слушнеме изворно од министерот Филипче, но она што мајките сакаат да го споделат со нивните следбеници е состојбата со слободни места во градинките. Мајките, самоиницијативно направија анализа во неколку општини од која се гледа дека пред пандемијата имало недостаток на места, а сега со преполовена бројка на места се зголемува за дупло потребата од места.

Н.Д.