Медиумите го допреа дното!!!

270

Пишува: Филип Спировски

Предизвикани од триесетгодишната немоќ да се преземе „чекор во непознато“, без да се фатиме за работа (во вистинска смисла на зборот), обиколени со политика на комунисти и војводи, се соочуваме со еден од можеби неколкуте моменти за кои од одредена временска дистанца, знаевме да кажеме: Ех да прифатевме ќе беше поинаку! Но, кога нема информација од тие што се платени тоа да го прават, медиумите, а тие пласираат вести и мислења насочени кон спас на индивидуалци и лични бизнис и политички интереси, некој мора да одговара за тоа. Да, токму власта; Не смее да се дозволи Јавниот сервис на граѓаните (МРТВ) да е партиско гласило на опозицијата и целта на постоењето на информативните програми да е: Оваа влада не чини! – па таман и да е така. Затоа промена на Законот за МРТВ треба под итно да се случи, со забелешка за промена на раководството соодветно на партијата на власт.
А приватните телевизии се најголемата срамота во етерот. Со турските серии, народните приказни, емисиите за болестите и партиските соопштенија се создава аудиториум отапен за креација, по мерка на политиката која ја промовитаат партиите. Тука води ДПМНЕ 100:0!
Кога Институтот за Европски политики вели дека треба да почекаме, да не брзаме, не бил добар предлогот, тогаш европските политики ќе најдат друг пат до оние што ги прифаќаат: странски пасоши (читај бугарски), исселување, странски образовни институции за децата… Да си бидеме заглавени во минатото е нашата иднина!?! Кога земаа мито бугарските цариници од срамежливите и од плашливите велеа: Ајде по смјало, по смјало! И давачите и земачите уште долго ќе се препелкаат во пеплосаното буниште на европските политики. И како и обично, ако немаме капацитет да ја видиме пошироката слика за нас, или поточно ако пласираната широка слика од гревтелевизиите со национално емитување и јавниот сервис МТВ т.е. вмрогласникот во 15 и 30, во вид на стратешки насочен фејкњуз ја прифаќаме здраво за готово, а платените институции ги третираме за промашени, тогаш не ни е далеку алкотезгата на Зелено пазарче.