дома Живот Сцена Мери Тодорова Младеновска сними нова песна

Мери Тодорова Младеновска сними нова песна

153

Пишува: Валентина Ѓоргиевска Парго

Тв авторката и водителка Мери Тодорова Младеновска по освоеното Гран при на летниот Канео 2017, со баладата „Не допирај“, продолжува во светот на музиката со забрзано темпо. Таа сними нова песна, со наслов „Те молам немој да одиш“. Музиката и аранжманот се на познатиот пејач Јане Дунимаглоски, текстот е на Огнен Неделковски, а специјален гостин виртуоз на саксофон сопран во песната е Петар Христов , додека придружните вокали ги испеа Магде Котеска.
-Пресреќна сум што работев со одличен и професионален тим и дотолку повеќе што успеавме да направивме одлична песна која јас лично мислам ќе се слуша на сите радио станици, кафулиња и дискотеки. Лично од мое име им се заблагодарувам на авторите кои помогнаа да се направи сето ова како што треба да биде едноставно кажано одлично, подвлекува Мери, чија интерпретација на Канео фест ја лансираше на естрадата.
Ова е нејзина трета песна. Првата носеше наслов „Љубов благословена“, втората „Не допирај“, а за својата најнова песна вели дека е предновогодишно изненадување и е подарок од неа за публиката.
-Да. Мене ова ми е веќе трета песна. Продолжувам понатаму со соработки кои веќе ни се договорени со Гаро Тавитијан и некои други соработки кои веќе се во тек. Искрено се надевам дека за брзо ќе излезе мојот прв албум, на кој верувам ќе има песни кои ќе се слуШаат и ќе остава белег. Ќе биде специфичен и шаренолик албум. Околу сето тоа, како ќе изгледа и каков албум ќе направиме е задолжен мојот сопруг Симе е мој менаџер. Ми ги отвора вратите насекаде, и пред се е искусен продуцент и има големо искуство со години го работи сето тоа и тој сепак знае е што е најдобро. Инаку јас ипонтаму со полн капацитет ќе ја мојаат емисија Лица и дела која е бренд на ТВ Сонце и во која гостуваа премногу интересни личности . А Новата години ке си ја поминам во убаво друштвенце и со драги луѓе.

-Со оваа многу убава поп песна им посакувам на сите пред се да бидат среќни, им ја честитам Новата година и новогодишните празници и им посакувам се Што сакаат да им се исполни, порача позната ТВ авторка, со убав глас, но и стас.