Кога ќе се спомене метаболизмот, во исто време на сите во главата им е зборот слабеење. Сепак, метаболизмот е многу повеќе од губење на килограмите…

Ова се некои работи што веројатно не ги знаете за бавниот метаболизам, голем непријател на витката линија и добриот изглед.

  1. Бавен метаболизам

Под метаболизам ги подразбираме сите хемиски реакции што се случуваат во нашето тело, за да нè одржат живи. Може да биде брз и бавен. Колку е побрз метаболизмот, калориите ги согоруваме побрзо и обратно. Фактори кои, меѓу другите, можат да го забават метаболизмот се преоптоварен црн дроб, акумулирани токсини, стрес и разни воспаленија.

  1. Алкохол

Ако вашиот црн дроб е преоптоварен со токсини од алкохол, ова дефинитивно ќе го успори вашиот метаболизам.

  1. Диети

Ако не јадете доволно, вашето тело доаѓа во состојба на глад и ги задржува калориите и мастите како извор на гориво. Постојаната диета така ќе предизвика бавен метаболизам со текот на времето. Умереноста е клучот за успехот.

  1. Не е се во калории

Секогаш фокусирајте се на квалитетот, а не на квантитетот на калории што ги внесувате во телото, бидејќи не сите калории се еднакви. Квалитетните калории ќе имаат големо влијание врз вашиот метаболизам, здравје и тежина.

  1. Витамин Д

Освен во поттикнување на добро расположение, витаминот Д помага да се зголемат мускулите ко се вклучени во губење на тежината. И бројни научни истражувања покажуваат дека кај гојазните луѓе недостигаовој витамин.

  1. Појадокот не го поттикнува метаболизмот

За луѓето кои јадат здрав и балансиран појадок секое утро, поголема е веројатноста да донесат здрави прехранбени одлуки во денот што е пред нив. Исто така, истражувањата потврдија дека повремениот пост исто така може да го поттикне метаболизмот.

  1. Дехидрација

Нашето тело се потпира на водата, а дехидрацијата не е само голем непријател на витката линија, туку и на нашиот изглед. Таа може да го намали метаболизмот за два проценти во текот на денот, што можеби нема да ви изгледа многу. Но, кога ќе го соберете за период од една година, ќе се премислите. Значи секогаш носете со себе шише со вода.

  1. Сè во мускулите

Бројни студии покажаа дека, како што старееме и ја намалуваме физичката активност, губиме и мускулна маса три проценти за 10 години. Ваквото стареење почнува од 30-годишна возраст. Кога губиме мускули, нашиот метаболизам природно се забавува. Ова значи следно: бидете активни најмалку три пати неделно и вклопете во секој тренинг и вежби за сила.

  1. Вежбајте разновидно

Ако сакате што е можно побрз метаболизам, правете кардио и вежби за сила. Би било добро да се запомни дека активностите со низок интензитет, како што се пешачење, исто така, помагаат во забрзувањето на метаболизмот и трошењето калории.

  1. Квалитетен сон

Недостатокот на сон може да си поигра со хормоните, што доведува до побавен метаболизам и зголемување на телесната тежина. Спијте квалитетно, без тоа сиот труд е залуден.

  1. Јадете доволно протеини

Јајца, месо, риба, млечни производи, мешунки … Протеините ја зголемуваат енергијата и го забрзуваат метаболизмот, па вклучете ги во секој оброк во текот на денот. Тие исто така помагаат да ги зачувате вашите мускули.