Деновиве излезе од печат англиската верзија на монографијата на Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”, која во оригинал на македонски јазик беше објавена минатата година, по повод 30 годишниот jубилеj 1992-2022.

Во книгата се сместени сите разновидни активности на Амбасадата, од областа на детските права, сите турбулентни и борбени периоди низ кои поминала, сведоштва, сеќавања, изјави, дефиниции, насоки, предлози,иницијативи, како и интервјуа од личности кои го обележаа нејзиното постоење и дело.

Амбасадата во последниве години е насочена и кон мировноро образование, кој всушност се содржи во продолжување на нејзината мисија, која вклучувала: прифаќање на децата-бегалци од конфликтот во поранешна Југославија, раселените лица од конфликтот во Македонија, помош, поддршка на деца во неволја и од социјално ранливи категории, едукација и нивно вклучување во општеството онаму каде се исклучени. Нивната работа е на ниво на нова наука за правата на детето – најголемите права на оваа Планета.

Книгата може да се погледне и симне од линковите ТУКА и ТУКА.