Ако сакате да се ослободите од „појасот“ на стомакот, пробајте го напитокот кој е многу лесен за подготовка и помага да се ослободите од вишокот масти, пишува „Top Healthy Advice“. Се работи за комбинација од чиа семе, мед, лимон и вода во точно дефинирани количини.

Луѓето кои го испробале овој метод за слабеење велат дека навистина помага, а резултатите се видливи веќе за седум дена. Освен тоа, се работи за состојки кои се многу добри за здравјето, така што целото тело ќе има корист од пиењето на овој напиток.

Состојки:

– лажица чиа семе

– лажица мед

– сок од еден лимон

– една и пол чаша вода (чаша со 2,5 dcl)

Подготовка:

Ставете го чиа семето во водата и оставете го да стои еден час (може да го ставите во вода и навечер, па да ги додадете другите состојки наутро). Додадете ги сокот од лимон и медот и добро промешајте. Ако сакате напитокот да има мазна текстура, ставете го во блендер.

Напитокот пијте го секое утро на празен стомак.