Направи веб страница – дизајнирај лого, постер и видео

77

Здружението Ф.И.Л.Т.Е.Р. ВЕРИТАС Скопје оваа година е дел од иницијативата Meet and Code, која има за цел да го промовира програмирањето и технологијата на деца и млади од 8-24 години. Дел од неа се 22 држави ширум Европа. Иницијативата е развиена од Haus des Stiftens gGmbH (HDS), финансирана од германската компанија SAP, а партнери се земјите од мрежата на TechSoup Europe. Кај нас преставници и задолжени за иницијативата се Фондацијата Метаморфозис.

Здружението во рамките на иницијативата ќе спроведе 4 работилници од 11-14.10.2018 година. Сите настани овозможуваат бесплатно учество за деца и млади на возраст од 8 – 24 години, а се отворени за посетители од сите возрасни групи. Условот за учество е едноставно да се пополни пријавата достапна на секој од настаните.

На сите од нив ќе ја претстави СумоРобот платформата на РобоКодинг, која им овозможува на децата и младите да ги научат основите на програмирањето и роботиката на забавен начин, преку соработка и интеракција. Активноста промовира вештини како: решавање на проблеми, воведни елементи на компјутерската логика, програмирање и дефинирање на она што е робот.

Првата работилница “SumoRobot Coding Meetup”ќе се одржи на 11.10.2018 година во НВО центарот при МКЦ од 14:00 – 17:00 часот. Овде акцентот е ставен на учењето на Python кодот преку применет пристап со фидбек од роботите во реално време.

Работилницата “SumoRobot Discovery Lab” се фокусира на СТЕМ вештините. Од градење на едноставен робот, експериментирање со магнетизмот, создавање електрична енергија, лансирање на ракета и многу повеќе. Во духот на еднаквите можности, овој настан ќе биде организиран за деца припадници на Ромската заедница.

Третата работилница “SumoRobot Creative Hub”ќе се одржи на 12.10.2018 година во ПСУ „Алгортитам“ од 11:00 – 13:00 часот. Со неа се издвојува дизајнот, каде учесниците ќе се запознаат со низа дигитални алатки, а различни тимови ќе имаат можност да изградат веб страница, да дизајнираат лого, да направат постер и да создадат видео.

Meet and Code Expo”е последниот настан во вид на саем, кој ќе се одржи на 14.10.2018 година во Домот на АРМ со почеток од 12:00 – 15:00 часот. На саемот учесниците од претходните три работилници ќе бидат главните актери во спроведувањето и ќе добијат можност да ги едуцираат своите врсници за она што го научиле. Активностите ќе вклучуваат кодирање на СумоРоботите со блокови и Python код, забавни СТЕМ експерименти, кодирање преку видео игри, креирање на лого, веб-страница, постер и видео.

За пријавување, повеќе информации и детали околу настаните, посетете ја Facebook страницата Filter Veritas Skopje.