Поликлиниката Ѓорче Петров, ќе биде прва во која ќе може да се тестирате со брзите тестови за Ковид 19. Како што се дознава овие тестови во пунктот за тестирање ќе стасаат за две недели. Резултатите од истиот ќе се знаат за помалку од половина час, а и цената ќе биде околу 1000 денари. Она што е важно, за ова тестирање не е потребно закажување преку матичен лекар!

Станува збор за тест со кој се зема брис само од нос, и резултатот е готов најмногу за 20 минути. Докторите објаснуваат дека доколку резултатот е негативен, нема потреба од понатамошно следење за корона вирусот, но доколку тестот излезе позитивен, тогаш ќе мора резултатот да се потврди и со ПЦР тест.

Сега се чека тестот да биде потвдрен и регистриран во Агенција за лекови и медицински средства. А.Н.