Уште не почната наставата, почнаа шпекулациите докога истата ќе трае. Дополнително алармот го запали информацијата објавена во Службен Весник во коај се вели дека учебната година ќе трае до 31 август.

Одлуката која што е објавена во Службен весник на 27 септември се вели следново:

„Учебната 2020/2021 година во основните училишта започнува на 1 октомври, а завршува на 31 август 2021 година“, и се однесува на започнувањето и завршувањето на учебната 2020/2021 година во основните училишта во услови на вонредни околности.

Но, од МОН објаснуваат дека учебната година секогаш трае до 31 август, додека наставната до 10 јуни. Наставниците, кои исто така се најдоа затечени од информацијата која денеска кружи, велат дека тие немаат добиено никаква информација за продолжување на наставната година. Тие објаснуваат дека училишната година секогаш трае до 31 август, додека наставната година за учениците секогаш е до 10 јуни.

Во шпекулациите кои денеска можеа да се слушнат е и таа дека оваа учебна година ќе биде покуса од 180 работни денови, односно ќе има 100 денови колку што е и дозволениот минимум на работни училишни денови, а дека децата ќе имаат значително поголем зимски распуст.

Што од тоа ќе биде останува да видиме, но според тоа како се движи епидемиолошката систуација во земјава, не е чудно децата од средината на ноември да заминат на зимски распуст и се до средината на февруари да одмораат.

Ал.Н.