Науката за перцепцијата на половата рамноправност

Уметноста на науката не е во тоа да се имаат сите вистински одговори, туку во способноста да се постави вистинското прашање!

303

Пишува: д-р Рашела Мизрахи

Ние сме родени и израснати во свет во кој уживаме сите подароци на битките за полова еднаквост на жените кои се бореа низ историјата. Овој свет нуди еднакви образовни можности, право на глас и закони кои ги спречуваат дискриминациите врз основа на пол во секој аспект од нашиот живот.
Значи, ние мора да заклучиме дека овој свет, нашиот свет, во никој случај нема свесна намера да го блокира женскиот успех. Тогаш зошто се сите статистики за ревидирање на статусот на жените во професионалниот свет толку поразителни? Речиси четири од десет бизниси во земјите на Г7 немаат жени на високи менаџерски позиции. На глобално ниво, процентот на високи деловни улоги на жените изнесува 24%. Две од најлошите врвни држави се Јапонија, со само 7% од жените на лидерски позиции, а Германија со 15%. Состојбата во Обединетото Кралство маргинално е влошена во изминатата година, со 21% жени во лидерски улоги. Само 4% од Fortune 500 извршни директори се жени, а само четири земји (Финска, Норвешка, Шведска и Велика Британија) имаат просек повисок од 20% женска застапеност во корпоративните одбори. Според Институтот за истражувања на политиките на жените, според сегашните стапки, жените во САД нема да постигнат рамноправност на платите до 2058 година. Од друга страна статистиките покажуваат дека жените претставуваат повеќе од 51% од човечката популација на оваа планета.
Со се што е кажано до сега, логично може да се претпостави дека жените едноставно немаат интерес да градат кариера или да стигнат до врвот. Жените едноставно не сакаат да бидат во “машкиот свет”.
Но, оваа хипотеза е целосно погрешна, бидејќи се базира на потполна погрешна претпоставка дека луѓето дејствуваат врз база на рационални, свесни и вредносни критериуми. Модерната неврофизиологија покажува дека нашите одлуки или повеќето од нив се под влијание на сурови кратенки надвор од нашата рационална свест. Во цел на поедноставување на овој наод на модерната медицина можеме да кажеме дека ние во основа сме суштества на навика, бараме повторувачки обрасци во нашата средина и ги форматираме во внатрешни шаблони кои дефинираат што е “нормално” за нас. Овие шаблони за она што е “нормално” се проектираат и во форма на предрасуди. И да, сите ние, мажи на жени имаме предрасуди иако истите се пројавуаат потсвесно како рамка што ни се дава во повторувачка форма од општеството во кое живееме.
Повеќе од 16 милиони луѓе прифатија да се спроведе тест за мерење на несвесната пристрасност наречен Implicit Association Test. Во рамки на прашалникот поврзан за полот, тестот ги прашува учесниците да вршат задачи кои вклучуваат брзо поврзување на одбрани зборови со слика на маж или жена. И машките и женските испитаници покажуваат предоминантна асоцијација на сликите од мажи со зборови како “директор” и “претседател”, додека женските слики се асоцирани со “асистент” и “секретарка”. Со други зборови, нашите несвесни шаблони велат дека мажите се лидери, а жените помошници.
Можеме да заклучиме дека не нашата рационална свест, туку нашите потсвесни обрасци за она што е “нормално”, кои се појавуваат и како предрасуди, имаат далекусежни последици, кои влијаат врз нашите одлуки вклучувајќи ги и оние битните како која кариера ќе ја избереме, кого ќе вработиме и промовираме, како и нашето чувство за самопочит и доверба.
Огромен број академски истражувања демонстрираат дека овие несвесни асоцијации имаат изразен ефект во секојдневниот живот врз нашите автоматски пресметки на компетентност и кој припаѓа каде.
Значи, да, жените паѓаат надвор од трката на врвот, за нив е поголема веројатноста да бидат прекинати во професионални изразување и нивните идеи почесто им се припишуваат на некој друг. Но, ова не е најголемиот проблем. Овие потсвесни предрасуди ги засегаат и самите жени, така што истите имаат тенденција да ги оценуваат своите способности со тони критики и се потпираат на просечноста како би го нашле своето место како второ рангирани и никогаш не се искачуваат до апсолутениот професионален врв.
Според зборовите на познатата хуманитарка и феминистика Малала Јусафзаи “Не можеме да успееме кога половина од нас се држени назад”, јас би додала: Повеќе од половина од нас се држат самите себеси назад. Ние треба да ја смениме перцепцијата за способностите на жените одвнатре кон надвор.