дома Живот Научници од Оксфорд тврдат дека повторната инфекција на корона вирусот е исклучително...

Научници од Оксфорд тврдат дека повторната инфекција на корона вирусот е исклучително ретка

67

Научниците од универзитетот Оксфорд информираа дека според резултатите на студијата за имунитетот на оние кои еднаш биле заболени од корона вирусот, повторната инфекција е исклучително ретка.

Според Дејвид Ер, професор од Оксфорд, во краток рок, повеќето од оние што го преболеле ковид-19 нема повторно да се заразат.

Истражувачи од универзитетот Оксфорд спровеле истражување врз здравствени работници изложени на коронавирусот, што ги прави високоризична група за зараза, а резултатите покажуваат дека повторната инфекција е исклучително ретка.

Истражувањето траело 30 недели, помеѓу април и ноември оваа година. Заклучоците сè уште не се рецензирани од други научници.

За време на студијата, 89 од вкупно 11.052 работници без антитела добиле коронавирус и симптоми, а тоа не се случило кај ниту еден од 1.246 луѓе со антитела.

Научниците ќе утврдуваат дали претходната зараза влијае на сериозноста на болеста доколку дојде до повторна зараза.

А.Н.