Белите дробови и црниот дроб се најголемите чистачи во човечкото тело и навистина заслужуваат посебно внимание. Овие намирници ќе ја направат вистинската работа за вашето здравје на прагот на пролетта.

Црниот дроб ја прочистува крвта, а белите дробови ги филтрираат токсините од воздухот и го исфрлаат штетниот јаглероден диоксид. Одржувањето на здравјето на црниот дроб и белите дробови ќе помогне вашите ткива и клетки да имаат здрава крв богата со кислород.

Намирници богати со бета-каротен

Цвекло, морков, домат, пиперка, тиква – овие намирници го намалуваат ризикот од рак на белите дробови.

Овошје и зеленчук со витамин Ц

Сите овошја или зеленчуци кои се богати со витамин Ц се одлични за детоксикација на организмот – повеќето цитруси, јагоди, ананас. Витаминот Ц делува со стимулирање на производството на ензими кои го помагаат прочистувањето на црниот дроб, а белите дробови полесно го пренесуваат кислородот во сите делови на телото.

Храна богата со омега-3

Бадеми, ф’стаци, ленено семе, ореви, чиа семе – овие масни киселини се многу важни, бидејќи ги намалуваат триглицеридите и помагаат во работата на црниот дроб.

Зелен лиснат зеленчук

Спанаќ, салата, зелка, млад кромид, кељ – се најдобар избор на лиснат зеленчук за чистење на организмот. Тие изобилуваат со хлорофил и помагаат да се исчисти телото од тешки метали.

Ѓумбир

Благодарение на високата концентрација на џинџерол, овој егзотичен зачин придонесува за општа детоксикација на организмот. Неговите дигестивни ензими помагаат во отстранување на токсините од црниот дроб, стимулираат циркулација на крвта.

Јаболка

Ова овошје изобилува со пектин, витамини и флавоноиди, коиј го чистат црниот дроб. Флавоноидите и антиоксидансите го штитат здравјето на белите дробови и целиот респираторен систем.