По вчерашната информација дека е хоспитализирано бебе од 18 дена и дека тоа е најмалиот пациент заразен со корона вирусот, многумина почнаа да пребројуваат колку деца се заразени и која е нивната состојба. Според информациите од ИЈЗ од коронавирусот кај нас се заразиле 280 деца до 9 години, од кои 6 биле хоспитализирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле и 284 лица од 10 до 19 години или 564 деца.

Статистиката на ИЈЗ покажува дека 61 трудница била заразена од вирусот, а 15 од нив биле хоспитализирани.  Дваесет и девет од овие регистрирани трудници се асимптоматски случаи, додека две починале.

Во однос на местото на живеење најголем број на заразени има во Скопје, Куманово и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово и во Прилеп. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга.

Регистрирани се 306 смртни случаи. Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години. Во однос на вирусот кај здравствените работници регистриран е еден смртен случај, додека петнаесет од пријавените случаи починале во домашно услови.

Ал.Н.