Кане Танака - најстарата личност во светот Фото Profimedia, Kyodo, Newscom, Profimedia

Јапонката Кане Танака, најстарата личност на светот, е родена истата година кога браќата Рајт го извршија првиот лет со авион, а на 2 јануари го прослави својот 118-ти роденден во дом за стари лица.

Г-ѓа Танака е родена во 1903 година, а во Гинисовата книга на рекорди влезе како најстара личност во светот во март 2019 година, кога наполни 116 години. Интересно е и тоа што таа е родена во истата година со британскиот писател Џорџ Орвел. Во септември, кога наполни 117 години и 261 ден, Кане постави и национален рекорд како најстара личност во Јапонија, пренесува РТС.

Таа моментално живее во дом за стари лица во Фукуока во југозападна Јапонија, каде го прослави роденденот со другите жители. Според надлежните, таа била добро расположена и и предложила „да им се аплаудира на сите“.

Времето го поминува вежбајќи, пресметувајќи и играјќи ја играта реверс. Според медицинските сестри, г-ѓа Танака има многу добар апетит, сака да јаде чоколадо и да пие кола.

На прашањето да ја открие тајната на нејзината долговечност, Кане вели „Јадев одлична храна и цело време учев“. Таа посака да живее 120 години.

„Ситуацијата поради пандемијата на коронавирус е тешка, но Кане е добро“, вели нејзиниот 61-годишен внук Еиџи. „Мило ми е што толку многу се забавува секој ден. А.Н.