На годинашниот Венециски филмски фестивал, што ќе се одржи од 2 до 12 септември, ќе има помалку филмови и ќе се одржува социјалната дистанца, најавија организаторите.

Уметничкиот директор на фестивалот, Алберто Барбера, изјави за АНСУ дека најстариот филмски фестивал во светот нема да биде „автохтон или евроцентричен“. Тој посочи дека фестивалот, што се одржува во септември, ќе биде целосно меѓународен.

Според Барбера, на фестивалот ќе биде прикажана американска, кинеска и индиска кинематографија. Што се однесува до Холивуд, тој рече дека нема да има големи блокбастери.

„Но, ќе има место за буквално сите на овој фестивал, вклучувајќи кинески, индиски и филмови од Блискиот исток“, рече Барбера. А.Р.