Најпознатата актерка на светот, Мерилин Монро, е родена како Норма Џин Мортенсон на 1 јуни 1926 година, а почина на 4 август 1962 година, на 36-годишна возраст. Таа беше американска актерка, манекенка и пејачка, а остана култна икона до денес.

Мерилин Монро беше една од најубавите и контроверзни жени од 20 век, која беше поврзана со многу моќни мажи. Монро е родена пред точно 94 години во Лос Анџелес, а на само 16 години се омажи за Џејмс Дорети.

Уште од моментот кога се појави на екраните, актерката беше симбол на сексипил и сензуалност. Таа беше врвна актерка само една деценија, но до нејзината смрт, филмовите во кои глумеше заработија скоро 200 милиони долари, што е еквивалентно на 2 милијарди долари во 2019 година. За тоа време, тоа беше огромен профит и успех.

Повеќе од половина век подоцна, таа сè уште е една од главните културни икони, а некои велат дека „легендата сепак живее“ преку нејзините обожаватели.

Таа брзо стана многу успешна манекенка на костими за капење и беше забележана од Бен Лион, претставник на Fox 20th Century, кој и понуди 6-месечен договор. Наскоро се разведе и потпиша договор со филмското студио и го презеде сценското име Мерилин Монро по актерката Мерилин Милер со која честопати се споредуваше.

Откако таа го смени името во Мерилин Монро, првата улога што ја играше беше во 1947 година во филмот „Опасни години“, каде играше келнерка. Во 1952 година глумеше во филмовите „Бизнис со мајмуни“ и „Клеш ноќ“, додека во 1953 година во филмот „Нијагара“ стана вистински кино хит и конечно стана ѕвезда на филмот, откако со години играше ситни улоги, кои не беа толку забележителни.
Комедиите „Господата претпочитаат русокоси“ и „Како да се омажиш за милионер“ и ја дадоа титулата „глупа русокоса“. Истата година, нејзините голи фотографии се појавија на насловната страница на магазинот Плејбој, што го купи Хју Хефнер, а што ги правеше додека беше сè уште непозната.

Таа беше многу разочарана затоа што не беше доволно платена за нејзините филмови, па во 1954 година одби да снима филм, само да се врати во 1955 година во филмот  “The Seven Year Itch”, во кој го забелаже најголемиот успеџ во нејзината кариера од и по која улога се памети, а најмногу по сцената во која ветрот го крева нејзиниот бел фустан, а таа го спушта за да не и се види долната облека.

Во 1954 година, таа основа своја компанија за производство, а во 1955 година, Фокс и понуди нов договор со поголема плата и поголема слобода, што таа го прифати.

Таа го освои Златен глобус за улогата во филмот „Some Like It Hot“, додека последната драма во која играше беше „The Mispits“ беше во 1961 година.

Нејзиниот приватен живот привлече големо внимание. Таа се бореше со зависност, депресија, вознемиреност и нејзините бракови со поранешната бејзбол свезда Џо ДиМаџо и музичарот Артур Милер беа силно застапени во медиумите и двајцата завршија во развод.

Се вели дека таа се обидела да забремени со Артур Милер, но кога не успеале, таа паднала во депресија и наскоро се развела. Исто така, се веруваше дека холивудската икона и 35-от американски претседател Роберт Ф. Кенеди имаа тајна афера. Тие беа двете најпознати и привлечни луѓе во светот во тоа време. На 24 март 1962 година, Монро и Кенеди беа фотографирани на една забава во Палм Спринг, Калифорнија. Се верува дека токму таа вечер Кенеди ја замолил Мерилин да му пее песна за неговиот роденден. На неговата роденденска прослава во мај 1962 година Мерилин, видно пијана во продолжен фустан, ја отпеа „Среќен роденден, претседателе“, а видеото го прошета светот и сè уште се емитува на телевизија и на многу социјални мрежи.

– После толку сладок настап, јас сум подготвен да ја напуштам политиката – рече Кенеди откако ја испеа песната.

Три месеци по нејзиниот славен настап, Мерилин наводно починала од преголема доза на барбитурати, додека некои верувале дека самиот Кенеди бил вмешан во нејзината смрт.

На 5 август 1962 година, 36-годишна русокоса е пронајдена мртва во нејзината спална соба во нејзиниот дом во Калифорнија. Неа ја пронашла нејзината слугинка Еунис Мареј, која открила дека ден пред нејзината смрт, Роберт Кенеди ја посетил актерката и и го барал личниот дневник.

Слугинката пријавила дека актерската дива лежела мртва во нејзиниот кревет. Сè се припишува на самоубиство, со оглед дека зела голем број апчиња за спиење измешани со барбитурати, кои ги земаше секој ден заради слабата ментална состојба и „демоните“ со кои се бореше.

Обдукцијата на оваа актерка е врвна тајна со години. Кога ја нашле мртва, таа била без заби и со леплива коса, нејзините усни биле испукани, а имала модринки на вратот.

Подготвила: А.Накова