дома Живот Животна средина На Македонија и треба стратегија за земјоделство

На Македонија и треба стратегија за земјоделство

Кога станува збор за климатските промени, најчесто погледнуваме нагоре и се молиме да заврне дожд. Притоа заборавеме дека повеќе спектакуларни промени се случуваат под нашите нозе, на земјата. Во пресрет на Конференција на ОН за климатски промени што оваа година ќе се одржи во Бон од 6-17 Ноември, ќе проговориме за процесите кои ги предизвикуваат климатските промени во почват, а имаат потенцијал и на многу подиректен начин да влијаат на секојдневниот живот.

80

За разлика од традиционалните медиуми, науката, последниве неколку години, многу поинтензивно се занимава со влијанието на климата на земјата. Пред се, поради тоа што на почвата се наоѓа најголемата количина на јаглерод. Неодамнешните студии покажуваат дека земјата поради затоплувањето испушта значителен износ на јаглерод што го чува во себе, што силно влијае на климатските промени. На тој начин се создава кружен ефект во кој како краен губитник се јавува земјата.

Оваа пролет во списанието Science беше објавена студија во која се вели дека како резултат на топлината, почвата емитува 37 проценти повеќе јаглерод диоксид ако се загрее до 4 Целзиусови. Најгласен противник на оваа теорија е  д-р. Згорелец од Земјоделскиот факултет во Загреб кој смета дека се уште не може да се говори за  краен, или конкретен заклучок за интеракција на климатските промени и почвата.

– Почвата е премногу сложена, променлив жив медиум, кој има физички, хемиски и биолошки карактеристики. Почвата е необновлив ресурс, и се формира под влијание на пет фактори: матичниот рок, релјефот, климата, организмите и времето. Времето е ограничувачки фактор и затоа се смета за необновлив ресурс, бидејќи за околу еден метар плодно развиена почва, во просек се потребни 100.000 години, во зависност во кој дел од планетата сме. Комбинацијата на овие фактори резултира со разновидноста на пет својства на земјата. Почвата има голем број на функции во екосистемот, освен за производство (храна, шума) исклучително важни се и природната и биолошката контрола (складирање и циклус на хранливи материи, водата и биодиверзитетот – микроорганизми), како еколошката контрола (универзален тампон и чувар на јаглерод). Земјоделството е, се разбира, под директно влијание на климатските промени, бидејќи во светот денес, 95% на прехранбени производи, директно или индиректно се произведуваат на земјата. Сепак, земјоделството како сектор сам по себе придонесува за емисиите на стакленички гасови за околу 12%. Покрај секторот енергија, тоа може да изгледа малку, но одржливо и правилно управување со земјоделството сигурно може и треба да влијае на тоа земјата да биде извор или потрошувач на јаглеродот во почвата. Бидејќи земјата покрај седиментните карпи и океаните е многу важен магацин на „јаглерод“ на Земјата (околу 3170 GTC заедно со вегетацијата) и на неа треба да се гледа како клучна компонента во ублажување на климатските промени – обајснува проф.д-р Жељко Згорелец од Факултетот за земјоделски науки при Универзитетот во Загреб во неговиот коментар во Science.

Кога растенијата престануваат да растат ?
Климатските промени се манифестираат во различни делови на Земјата на различни начини. Така, тешко е точно да се одговори на ова прашање. Кај оние од Север, (Русите и Скандинавците), зголемувањето на температурата ќе придонесе за подобри физичко-хемиски и биолошки услови во почвата, додека од друга страна, на пр. во Медитеранските држави топлината со сигурност ќе им наштети. Покрај тоа, во согласност со научните истражувања, некои од сценаријата предвидуваат дека северниот дел на Европа ќе имаат 40% повеќе врнежи од дожд, додека Јужна Европа ќе има 20% помалку од просечните годишни врнежи со многу повеќе екстремни настани. Температурата е важен фактор, но таа е само еден од факторите во овој сложен систем на интеракцијата и зависност од почвата.

Шведскиот хемичар JJ Berzelius вели: “Почвата е огромна хемиска лабораторија во која истовремено и постојано се случуваат безбројни процеси на деградација и синтеза”
Земјата, се разбира, има способност да се прилагоди, само прашање е до кој степен и за тоа колку долго и затоа треба да се биде мудар во управувањето со неа – велat експерти од Земјоделскиот факултет.  Земјоделството е еден од секторите во кои ефектите од климатските промени се позначајни отколку во некои други сектори, а постојат и последици што се крајно видливи. За разлика од индустријата, која придонесува за климатските промени и за причините за климатските промени, земјоделство е и причина и жртва. Она што се насетува или чувствува е, прво, недостатокот на вода во почвата. Значи, имаме почести суши, една од три години е катастрофално сува. Друга работа е зголемувањето на температурата на воздухот, ова е еден тренд кој ќе биде посилен во иднина и ќе влијае на земјоделството. Се смета дека повеќето од растенијата ќе престанат да растат кога почвата е сува, но тоа е случај и поради високите температури, кога тие го надминуваат 30-от степен, го запира растот на растенијата.

zemjodelski-proizvodi

На пример, една од најновите истражувања во светот покажува дека преминот од конвенционално кон органско земјоделство како начин за борба против климатските промени предизвикува издвојување јаглерод во почвата и дека таквите економии имаат околу 26% повеќе долгорочен потенцијал за складирање на јаглерод.
Ова го отвора прашањето дали Македонија има стратегија за земјоделство?
За жал одговорот е негативен. Ние имаме соодветни закони за заштита на водата и воздухот, но нема закон за заштита на почвата. Постојат некои директни и индиректни мерки за заштита на почвата на ЕУ , но не постои интегриран пристап на национално ниво! Постојат неклку работи кои треба да се направат: да се воспостави следење на здравјето на почвата – т,е национален мониторинг на почвата, да се донесе национална регулатива за управување со земјиштето и почвата (според моделот на Шкотска). Ваквите регулативи мора да бидат подготвени за да се регулираат земјоделските практики кои предизвикуваат деградација на почвата и претставуваат сериозна закана за животната средина, како и за да се изгради институционалниот систем на образование и хоризонтални врски меѓу институциите.

Во Париз, 2015 година, на конференцијата на ОН за клима беше покрената иницијативата на климата „4% почва за безбедност на храната и климата“, која всушност вклучува план и сет на мерки во земјоделството за зголемување на органската материја во почвата од 0,4% на годишно ниво и одржување на оптимален СН сооднос. За жал, нема информации дека Македонија воопшто се приклучи на оваа иницијатива.

Хумусот е клучна состојка за одржување на квалитетот на почвата во однос на климатските промени за кои сме сведоци. Неговото исчезнување останува заедно со другите фактори што може да доведе до тешки, речиси катастрофални последици.
Не изненадува ниту фактот дека дел од нашите земјоделски култури поради недостаток на вода во почвата и при покачени температури на воздухот да почнуваат да го намалуваат својот род. Не е важно колку ќе успееме да ја подобриме технологијата на производството, намалувањето на родот ќе се случи како резултат на временските притисоци. Храната се потешко ќе се произведува, ќе биде се поскапа, а од друга страна ќе ја има се помалку. Исто така, некои култури повеќе нема да се исплатат да се произведуваат, а ќе почнеме да одгледуваме други.

zemjodelci

Се повеќе топли денови

Секој ден во ЕУ се губат по 252 хектари земја поради раст на инфраструктурата и градовите, а се уште се зголемува потребата за земјиште. Ова резултира со губење на оригиналната еколошко-регулаторна функција на почвата во екосистемот, што особено влијае на хидрологијата и температурата. Додека во природниот екосистем инфилтрацијата на вода во почвата е 95%, а истекот е 5%, во урбаниот екосистем ситуацијата е обратна. Затоа денес, во градовите, често има големи проблеми со дождовницата. Просечната годишна температура во ЕУ, исто така, е во пораст, и во градовите температурата е дополнително малку повисока отколку во природниот екосистем (ефект на островска топлина). Може да се очекува во иднина да имаме зголемување на бројот на топлотни бранови, како што имаше ова лето, и градовите сигурно ќе имаат повеќе проблеми со овие влијанија. Важно е на крајот да се каже дека периодот 2015.-2024 г. во Виенската декларација за почва на Меѓународното здружение на науката за почвата (IUSS) и ФАО, ОН го прогласија за Меѓународна Декада на почвата. Декларацијата ги дефинира клучните улоги на почвата како ресурс, животната средина, здравствените и социјалните проблеми со кои се соочува човештвото. Дава насоки и препораки за зголемување на активности на локално и глобално ниво, и како тие улоги да се заштитат.