Во вторник, 15 јуни 2021 година, со почеток во 19.30 часот на Летната сцена „Школка“ во Градскиот парк ќе се одржи традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“.

Настанот е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, во рамките на програмските активности на Градот Скопје во сферата на образованието, а во функција на пошироката јавна промоцијата и афирмација на врвните постигања на средношколците, на иницијатива на Секторот за образование на Град Скопје, под покровителство на Градоначалникот, господин Петре Шилегов.

На оваа средба, Градоначалникот на Град Скопје, господин Петре Шилегов, на 34 матуранти првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта ќе им врачи специјални признанија и парична награда. Програмата ќе биде збогатена со настап на Марија Спасовска. Оваа манифестација е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во нашата земја и свое обраќање ќе има Амбасадорот Н Е г. Дејвид Гир.

Оваа година првенци на генерацијата се: Викторија Коцевска СУГС „Димитар Влахов”, Александар Анакиевски СУГС „Димитар Влахов”, Јана Мајнова СУГС „Јосип Броз Тито”, Петар Стаменковски СУГС “Марија Кири Склодовска”, Тео Ѓекиќ СУГС “Марија Кири Склодовска”, Ана Марија Тенџеревска СУГС „Браќа Миладиновци”, Марија Савеска СУГС „Браќа Миладиновци”, Ерика Асанова СУГС „Владо Тасевски”, Златко Марковиќ СУГС „Владо Тасевски”, Гоце Таковски СУГС „8ми Септември”, Елена Стаменковски СУГС „Здравко Цветковски”, Давид Субашевски СУГС „Панче Арсовски”, Агон Ајдини СУГС „Зеф Љуш Марку”, Никола Петровски СУГС „Орце Николов”, Сотир Собралиев СУГС „Михалјо Пупин”, Лука Насевски СУГС „Михалјо Пупин”, Исра Сејфула СУГС „Цветан Димов”, Александар Филиповски СУГС „Георги Димитров”, Лео Кесеровиќ СУГС „Георги Димитров”, Јовица Кекеновски, СУГС „Боро Петрушевски”, Марко Крстевски СУГС „Боро Петрушевски”, Душко ДимитровскиСУГС „Арсени Јовков”, Александар Јовановски СУГС „Панче Караѓозов”, Ајла Муратовиќ СУГС „Панче Караѓозов”, Васко Ѓоргиевски СУГС „Панче Караѓозов”, Даријан Шеќеров СУГС „Раде Јовчевски Корчагин”, Сара НезириСУГС „Сарај”, Теодора Солздановска СУГС „Кочо Рацин”, Лејла Потурак СУГС „Лазар Танев”, Андреј Ѓоргиевски СУГС „Лазар Танев”, Тамара Кунцулова СЕПУГС„Васил Антевски Дрен“, Кристијан Поповски СУГС „Никола Карев”, Тони Сали СУГС „Шаип Јусуф”, Неџиба Азир СУГС „Шаип Јусуф”.