дома Кујна На 23 ноември концерт на Валентин Наумов и Верица Дивитарова

На 23 ноември концерт на Валентин Наумов и Верица Дивитарова

58

Дирекцијата за култура и уметност – Скопје во рамките на Есенски Музички свечености 2020 најавува концерт на Валентин Наумов –виолина и Верица Дивитарова – пијано. Понеделник, 23 ноември 2020, 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет. На концертот ќе може да се проследат три сонати за виолина и пијано од В.А. Моцарт и Ј. Брамс. Влезот е слободен. Покровители на ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ: Министерство за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.

Согласно протоколот за организација на настани во време на COVID-19 задолжително е:

�� носење на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;

�� задолжително одржување на физичко растојание на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;

�� задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

В.Ѓ.Парго