Фото Н1

Словенија беше погодена од силно невреме синоќа кое оплави над 500 згради во Љубљана, а итните служби интервенирале 2.700 пати. Невремето започнало попладне на североисток од земјата, но обилните врнежи наскоро се прошириле на целата земја.

Словенечките медиуми јавуваат дека се поплавени подруми, соборени се бројни дрвја и оштетен покривот на станбена куќа. За многу кратко време наврнале повеќе од 50 литри на менатр квадратен, а метеоролозите посочуваат дека според нивните пресметки, толку многу дожд паѓа еднаш во 250 години за толку кратко време.

Обилниот дожд падна во текот на ноќта, а најтешка беше ситуацијата во Љубљана. Така, во населбата Вижмарјах, водата го поплавила подземниот премин во кој автомобил остана заробен, но возачот за среќа успеаl да избега без повреди.

За само 10 минути во Љубљана наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен. Метеорологот Рок Косан рекол дека за време на невремето, вкупно 93 литри на метар квадратен паднале во паркот на природата Горичко, и 88 литри во Љубљана.

„Во овој краток период падна повеќе дожд отколку во изминатите два месеци заедно“, рекол Косан.

Словенечката администрација за заштита и спасување (СПИН) објави дека пожарникарите имале полни раце работа во Белтинци, каде што пумпале вода од неколку згради, а припадниците на противпожарната бригада од Герлинци го гаснеле пожарот што избувнал откако гром удрил во дрво. Регионалниот центар во Љубљана примил повеќе од 2.700 повици од граѓани помеѓу 8 часот и полноќ.

Водата го поплавила и театарот. Јернеј Пристов, портпарол на театарот, рекол дека за време на претставата, водата почнала да тече од покривот.

„Покривот беше дотраен, водата течеше на сцената и зад сцената во потоци“, рече тој.

Претставата била секако прекината и луѓето биле евакуирани. Струјата била исклучена, а во моментов не е можно да се процени штетата.

„Вакво нешто никогаш не се случило во историјата на театарот“, рекол тој. А.Р.