дома Култура Театар и Филм Недела на јапонски филм во Скопје и Битола

Недела на јапонски филм во Скопје и Битола

110

На 29 октомври во 20 часот ќе стартува тринаесетото издание на „Недела на јапонски филм“ во Кинотеката на Северна Македонија. Оваа година филмската недела за прв пат ќе патува и до Центарот за култура – Битола.

Амбасадорката Кеико Ханеда ќе ја отвори „Неделата на јапонски филм“ во вторник, 29ти октомври во 20 ч. во Кинотека на Северна Македонија.

Селекцијата на четирите играни и анимирани филмови од сите жанрови е за сите возрасти.

Во прилог дополнителни информации.

Кинотека на Северна Македонија

29.10. [Вторник]

20 ч. „Гласот на учителот“

30.10. [Среда]

20 ч. „Ошин“

 31.10. [Четврток]

20 ч. „Рудолф црниот мачор“

01.11. [Петок]

20 ч.  „Самурај мачка”

Центар за култура – Битола

05.11. [Вторник]

20 ч. „Гласот на учителот“

22 ч. „Ошин“

06.11. [Среда]

18 ч. „Рудолф црниот мачор“

20 ч. „Самурај мачка”