„Во Собрание врие“ – велат наши извори од ДУИ и потврдуваат дека е неизвесно дека денешната седница ќе се одржи.

Како што се дознава дел од ДУИ не се согласуваат со кадровскиот избор од нивната партија и одбиваат послушност да гласаат за Џафери за старо-нов претседател на Собранието. Исто така, дел од пратениците се спротивставиле на предлогот Артан Груби да биде прв вицепремиер, а Бујар Османи новиот министер за надворешни работи.

Наводно, повеќе пратеници од ДУИ не ги прифаќаат одлуките на партијата и најавуваат дека нема да гласаат ниту за Талат Џафери, ниту за избор на новите министри. Низ куоларите се слуша дека дел од пратенициет на ДУИ преговараат со ВМРО- ДПМНЕ, со што се става во прашање парламентарното мнозинство на СДСМ – ДУИ.

Н.Д.