Од нашиот специјален известувач од Пула, од  „Дименжнс“ фестивалот:

Самоил Петрески

Со спектакуларен настап во пулската Арена, американскиот хип-хоп артист, добитник на Греми за 2018, Андерсон .Паак синоќа го отвори последното издание на фестивалот на електронска музика „Дименжнс“.
Поддржан од својот осумчлен бенд „Д фри нешналс“, .Паак направи неверојатна атмосфера во ова историско здание пред околу 10.000 луѓе. Вечерта со одлични настапи ја надополнија и ветеранот на детроитското техно, Џеф Милс, германскиот двоец Објект и корејскиот диџеј Хуни.
Од вечерва до недела, Тврдината „Пунта Кристо“ последен пат ќе биде домаќин на стотици диџеи, бедндови и изведувачи од врвот на електронската андерграунд музика.