дома Живот Социјална политика „НЕ МОЛЧИ, ПРИЈАВИ НАСИЛСТВО“: Изложба во Јавна соба со писма, цртежи на...

„НЕ МОЛЧИ, ПРИЈАВИ НАСИЛСТВО“: Изложба во Јавна соба со писма, цртежи на уметници, активисти и познати личности!

120

Утре, 7 декември, од 11 до 13 часот, во познатиот скопски локал „Јавна соба“, ќе се одржи изложба со рачно напишани писма и цртежи под наслов „НЕ МОЛЧИ, ПРИЈАВИ НАСИЛСТВО“. Изложбата е организирана од  организацијата „Новинари за човекови права“ во соработка со порталот ТЕХТ.МК, а во рамките на проектот, подржан од WWDP, како дел од 16 дена активизам против родовото базирано насилство.

Замислена е како уметничка инсталација, надополнета и со фотографии, колажи, пораки, поезија, раскази, книги, артистички изработки.

Логото го изработи уметницата и активистка Силви Пецаковска Џуричиќ, која преку цртежи со публиката споделува дел од своето искуство, од  животот во Америка, Шведска и Македонија. Колоритен цртеж со 16 цветови, и плус еден цвет, нацрта Живко Поповски- Цветин, како симболика на 16 денови активизам , но тој еден цвет дека борбата не смее да запре, продолжува и следниот ден, и секој нареден ден. Порака за правата на жените со попреченост преку цртеж, од  Холандија испрати мултимедијалната уметница Маја Павловска, за да укаже дека овие жени се повеќе внимание и права треба да добиваат од општеството.

Со серија стрип- цртежи  се претсвуваат уметничкиот тандем Борис и Ева Мари Костов, инаку млада среќна брачна двојка, со цел да апелираат дека хармонијата и разбирањето треба да се основата  на брачната заедница.

Целата изложба е подржана од познати поп изведувачи, Пепа Димитрова, Лени Партикова и Игор Узунов- Пепа ја посветува песната  „Лага“, Лени повикува на се поголема отвореност и транспаренстност во барае на помош и поддржшка кај женит екои се жртви на насилство, а Игор жената да биде воспевана во уметничките дела.

Писателот Стојан Арсиќ, ќе проговори за својот мошне читан роман „Последната алка“, базиран на вистинска приказна од негова пријателка, во кој е опишано експлицитно насилство врз главната хероина во романот.

Поетесата Виолета Тодева- Мијалкова учестува со својата книга „Мирисот на жената“, во која низ свој агол ги опишува сите чувства на радост, болка, посветеност, низ кои поминува жената.

Со расказот „Сонот на едно девојче“ на изложбата свое место зема и писателката Анета Тасова, за да опише низ какво патешествие најчесто е принудена да помине жената која ја води копнежот да успее во ова општество, каде можностите не се рамноправни за сите.

Целата оваа идеја ја заокружува писателката, активистка и адвокатка Оливера Доцевска.  со апел да се користат правните механизми и закони кои ја штитат жената и нејзините права.

Новинарката Јасминка Павловска и водителката Драгица Стефковска пак посочуваат на важноста на медиумите за актуелизирање и застапеност на оваа тематика.

Топли женски писма пристигнаа и од загрепчанката Тереза Суговиќ.

Целиот перформанс го разубавува колаж фотографии од актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска – Ели, која како јавна личност ја поддржа оваа кампања.

Инаку, на изложбата, во изминативе две години, му претходеше серијалот „Женски приказни“ на новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго, базиран на вистинити животни стории, кои се објавувани на порталот text.mk и во неколку наврати предизвикаа пошироко внимание, кај нас и на одредени меѓународни конференции.

Инфо за настанот може да најдете и тука:

https://www.facebook.com/events/2206879872655639/?active_tab=about