Како се приближуваат летувањата, така децата започнуваат со своите летни желби и лудории…Но, и не само тие! Приказната што следи треба да биде предупредување за сите оние кои сакаат во летниот период да направат привремена тетоважа од к’на. А, кои понуди, за време на летниот период, по туристичките места ги има на секоја чекор, а најчести корисници се децата и тинејџерите. Имено, мајката на седумгодишната Медисон Гуливер раскажува како заминале полни со очекувања и радост во Египет, а се вратиле дома со лузни што малата Медисон ќе ги носи до крајот на својот живот.
Мајаката раскажува дека девојчето инсистирало да се тетовира со к’на, а тие и дозволиле бидејќи уличниот уметник им објаснил дека станува збор за привремена тетоважа што по неколку миења ќе исчезне.  Но, само неколку дена по тетовирањето девојчето станало нервозно. Наскоро добила болки на местото каде што била тетоважата, а се појавиле и жулеви кои морале хируршки да се отстранат на висока температура. Оваа интервенција и предизвикала лузни што ќе ги носи до крајот на  животот.
Експертите велат дека црната к’на, онаа што се користи за тетовирање, содржи голема доза на P-Phenylendiamine, токсична хемикалија што ја има во креми за лице и бои за коса, но со минимални дози. Познавачите на приликите тврдат дека оригиналната к’на ги задоволува стандардите, но доколку се употребува к’на која не е произведена според стандардите може да се појават вакви нус појави. Затоа треба многу да се внимава и да не се дозволува тетовирање со к’на на деца, особено ако се работи за непознато потекло на производот.
.