Во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 10, Куманово 4, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 5, Гостивар 4, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 9, Пробиштип 1, Берово 5, Делчево 1 и Кичево 2.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.

Ал.Н.