Нобеловата награда за медицина им беше доделена на Џејмс П. Алисон и Тасуку Хонџо кој разви специјална имунотерапија за лекување на рак.

Алисон и Хонџо покажаа како различни стратегии може да се користат во стимулирање на имунолошкиот систем да се бори против ракот, објави Кралскиот институт во Стокхолм, кој го прогласува добитникот на Нобеловата награда за медицина.

Двајцата експерти за рак ќе добијат финансиска помош од 9 милиони круни.

Алисон (69) е професор и го води Одделот за имунологија во центарот за рак МД Андерсон на универзитетот Тексас во Хјустон.

Хонџо (76) е професор на Универзитетот во Кјото и редовен член на јапонската, но исто така и надворешен член на американската и германската академија на науките.

Неделата на прогласување на добитниците на Нобеловата награда започна денес, но оваа година има голем јаз – Шведската академија нема да додели книжевна награда. Во мај, Академијата објави дека годинава нема да го објави книжевниот лауреат откако сексуалниот скандал откри длабоки поделби меѓу членовите на одборот за доделување на наградата.

Одлуката следеше по недостатокот на јавна доверба во институцијата, како што беше објаснето. Одлуката да се „прескокне година“ во доделувањето на Нобел не е без преседан, но тоа не се случило од 1949 година.