Општина Илинден почна со опремувањето на новата детската градинка во н.м. Миладиновци. Капацитетот во оваа градинка за згрижување ќе биде за 90 деца на возраст од 2 до 6 години како и за деца на возраст од 9 месеци до 2 години, односно јасли. Станува збор за високо енергетски ефикасен објект кој се простира на површина од 540 метри квадратни. Во новата градинка инсталиран е систем за греење и ладење со топлински пумпи, “воздух-вода”, подно греење и фенкојлери. Целосното завршување на работните активности се во финална фаза и објектот комплетно ќе биде готов за прием на децата од почетокот на месец септември, додека отпочнувањто со работа на новата детска градинка ќе зависи од одлуките и протоколите на Комисијата за заразни болести и Владата. Во насока на зголемување на безбедноста, подобрена хигиена која е неопходна за децата и учениците, како и подобрена фрекфенција и функционалност на просторот, се асфалтира и паркинг просторот и се уредува површината на новата детска градинка во Миладиновци. Покрај асфалтирање се врши и партерно уредување на просторот околу детската градинка и зафаќање и одведување на атмосферските води. Со изградбата на новата градинка во н.м. Миладиновци ќе се создадат услови за згрижување и на децата од околните населени места каде што живеат приближно 4000 жители. Исто така со реализација на овој проект дополнително ќе се овозможи да се ослободи простор во веќе постоечката детска градинка ,,Гоце Девчев“ која е со капацитет од 450 деца на возраст од 2 до 6 години, а ќе се создадат услови за згрижување и на децата од најмалата возраст од 9 месеци до 2 години. Согласно протоколите за работа поради пандемијата со Ковид 19, во оваа градинка се овозможени услови за прием на веќе запишаните деца. Изградбата на новата градинка е капитален проект, кој Општина Илинден го реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Вкупната вредност на инвестицијата е 30 милиони денари, од кои од Буџетот на Општина Илинден се обезбедени 24 милиони денари и 6 милиони денари се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика.

Градоначалникот на  заедно со изведувачите и надзорните органи, дирекорите на јавните општински установи како и стручните служби, направи посета на новата градинка и увид во работните активности, при што констатираше дека и покрај состојбата со Ковид19, изведувачите согласно динамичниот план за работа, во целост и навремено ги реализираат градежните работи за што градоначалникот им изрази благодарност. Паралелно со уредувањето на просторот на новата детска градинка, се уредува и паркинг просторот околу ООУ “Браќа Миладиновци”, како подготовка за исполнување на условите за работа пропишани од страна на Комисијата за заразни болести и успешен почеток на учебната година. Воедно градоначалникот најави дека во наредниот период ќе се продолжи со зголемување на капацитетот, односно со надградба и проширување на постоечката детска градинка “Гоце Делчев” во Илинден. Исто така ќе се работи и на уредување и изградба на паркинг просторот со партерно уредување околу ООУ “Гоце Делчев” во Илинден.

В.Г.Парго