Иако Грција се уште ги нема отворено границите со сите соседи, речиси секој ден има нови услови за влез во земјата.  Новите услови за влез во Грција се сите патници кои планираат да патуваат во оваа земја до 31 август, ќе треба да пополнат електронски обрасци за ПЛФ (образец за лоцирање на патници). Властите прецизираат дека деталите за контакт во Грција, кои мора да се попопнар во форма достапна ОВДЕ, мора да бидат пополнети најдоцна еден ден пред нивното пристигнување во земјата.
Она што е ново потребна е да имаат и фактура за направен Пи Си АР тест и да го покажат на границата со Грција, но во новите услови не се бара да се покаже резултатот од тестот ?!
Покрај тоа, од 18 јули вработените и клиентите на супермаркетите во Грција ќе треба да носат маски за лице. Веста ја објави генералниот секретар за трговија и потрошувачка, Панајотис Стампулидис.

Н.Д.