Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од ноќеска на полноќ се менуваат цените на горивата. Дизелот и екстра лесното масло за домаќинството поевтинуваат за еден денар по литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста.

Така, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 76 денари по литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 75, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува непроменета односно 85 денари по литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,683 денари за килограм се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,459 денари.