Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје 26, Куманово 6, Штип 7, Тетово 9, Струга 2, Велес 1 и Кочани 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76г) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55г) примена на 27 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти и тоа од Скопје 16, Тетово 10, Велес 1, Охрид 2 и Кратово 1.

Досега во земјата се направени вкупно 27684 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, Велес, Куманово и Скопје, регистрирани се два позитивни случаи во градинка во Скопје и во Куманово.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2129, бројката на оздравени пациенти е 1516, на починати е 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487. А.Р.