дома Култура Литература НОВО: Катерина Грозданова со „Жена“

НОВО: Катерина Грозданова со „Жена“

Катерина Грозданова-Кети објави нова книга, насловена „Жена“. Промоцијата ја закажува за 10 Април 2018 година во Киц,, во Салон 19.19, во 19 часот. во нискиот дел во сала број 2, за да е пристапно за сите.

121

Ексклузивно за ТЕХТ.МК дава свое видување за оваа стихозбирка:

За стихозбирката ЖЕНА

Оваа книга настана од многуте разговори, емоции, што сме ги делеле, а и повремено, потајно, интимно, се уште ги делам со некои од нив. Се она што сме го рекле или не, е преточено и во оваа книга. На почетокот тргнав со мисла дека ќе немам ни двеесет жени, но на крај испадна дека ќе има и втора збирка. Ова зборува за мојата среќа што имам толку многу блиски жени, што за моја среќа, за да ги избројам во првата книга ќе ми требаат три раце, и толку за втората. А само две за силна прегратка и љубов кон нив.

“ Секој напишан збор во мојава најнова збирка поезија, има во себе оставено дел од мојата духовна растрепереност пренесена од мојата рака. Тоа е одраз на внтрешната, длабока поврзаност со секоја од нив. Во стиховите на “ЖЕНА“ е втиснат секој мој трепет, како печат. Сакав, и ги нареков “ моите “ жени. Ги знам низ годините, секакви, а за тоа придонела взаемната размена низ нашите дни. Сакав, и мислам дека конечно постигнав мир, со мојот внатрешен немир, кој ме тиштеше долги години.

Се почна во Септември ноќта, кога ја напишав и првата песна која ме мачеше шест месеци, за мојата почината мајка, таа година во Март. Се отвори душата, посакав да оставам трага од пишан збор, песни кои биле и останале, од разговори останати во и меѓу нас. А сега споделени и со вас.

Сакам преку оваа реч, да им заблагодарам на сите нив и на оние кои ќе дојдат во мојот живот. Да им кажам силно Благодарам за тоа, колку искрена љубов ми подариле, за да потече мојата книга “ Жена “. Некои од нив сум ги сретнала само еднаш и преку “клик“ душите се препознале. Затоа, поскаувам уште многу такви средби, бурни – силни, Љубовни… “

Од неа, Љубовта, ќе настане “ Жена 2“, во која ќе бидат опеани сите оние за кои во оваа стихозбирка немаше место,  т.е. доволно листови хартија!-  Kатерина Грозданова