Ново снижување на цените на горивата следи од полноќ, па цената на бензинот се намалува за половина денар, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе се намали за еден денар, односно денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Така, ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар и ќе се продава по цена од 48,00денари за литар, како и ЕУРОСУПЕР БС-98 чија нова цена ќе биде 50,00 денари за литар.

Цената на дизелот се намали за еден денар и сега ќе се продава за 45 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се намали за денар и половина и ќе изнесува 33,50 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се намали за 0,921 денари за килограм во однос на минатонеделната цена така што ноќеска на полноќ ќе се продава по цена од 17,970 денари за килограм. А.Р.