дома Политика Македонија Нов избирачки список и предвремени избори ако не поминат уставните измени

Нов избирачки список и предвремени избори ако не поминат уставните измени

Филип Спировски

49

Премиерот Зоран Заев, соочен со референдумските резултати најави можност за предвремени избори ако не поминат уставните измени потребни за спроведување на договорот од Преспа, кој е предуслов за НАТО и ЕУ интеграциите. Шестоте илјади свесни доносители на одлуки не се занемарлива бројка од која може да се пренебрегне желбата за промена која во политичка смисла е прогресивна и полна со разбирање и толеранција.

Од друга страна остатокот од евидентираните гласачи (избирачи) во молк се обидоа да влијаат на актуелната политика. Од неа произлегува потребата за нови изборни закони, итно пребројување на граѓаните и создавање на листа на избирачи кои се свесни и сакаат да учествуваат во избор на политики, политичари и иднина на земја во транзиција (додуша 27-годишна) како Македонија.

Надежта за подобра иднина пресликана во определбата за НАТО и ЕУ, останува да се одработи од политичарите кои се избрани и затекнати во Собрание, со кое претседава Претседател кој не е во избирачкиот список.