Десет лица беа убиени во понеделникот во пукање во продавница во градот Болдер, во американската држава Колорадо, што е втор масовен масакр во САД за помалку од една недела. Полицијата го опколила супермаркетот „Кинг Суперс“ по пријавата за пукање.

Шефот на полицијата Марис Херолд потврди дека во нападот на продавницата загинале десет лица и дека меѓу нив е и 51-годишниот полицаец Ерик Тели, кој прв реагирал на пријавата за пукање.

Телевизиските камери подоцна ја снимија полицијата како вади маж кој има лисици на рацете и крвари. Тој бил само во долна облека иако температурата надвор била близу до нула. Го ставиле на носила и го натовариле во брза помош. Медиумите пишуваа дека се работи за напаѓачот. А.Н.