Валентина Ѓоргиевска Парго, акредитиран новинар на Евровизија 2021 
На 9 мај, само што почнаа подготовките на самото место во Ротердам за Евровизија 2021, топол маил од шефицата на норвешката делегација Камила Андреас, добија акредитираните новинари. На патот кон салата Ахој, каде ќе се одржува Евровизија, а се одржуваат пробите, ни прати меил, во кој се вели дека деновиве пристигнале во Ротердам и многу се среќни што се таму, а денес ќе ја имаат и првата проба.
-Многу сме среќни што сме тука. Тажни сме што не можете сите да бидете на лице место, но ќе споделиме колку што можеме со оние кои сте акредитирани преку Интернет, вели во поздравот.
За таа цел создадена е папка во која секојдневно ќе ја ажурираат со фотографии и друг материјал за време на нивниот престој, кој новинарите ќе може да го користат онлајн.
Во поздравот на Камила, Андреас, учествува и претставникот ТИКС, тимот и Андреас Блау-Хвал, од нивниот ПР центар.
За Норвешка ќе настапи ТИКС, со песната “Fallen Angel”.
Евровизија се одржува на 18, 20 и 22 мај, нашиот претставник Васил Гарванлиев ќе настапи на првата полуфинална вечер на 18 мај, како шести. МТВ ќе врши пренос сите вечери од 21 часот.