Националниот совет за родова рамноправност денеска упати писмо до мандаторот Зоран Заев со кое бара при составувањето на новата Влада да се води од начелото на  „Еднакво општетсво за сите“ и во структурите на одлучување да има повеќе жени.

Во писмото потпишано од претседателката на НСРР, Савака Тодоровска се вели:

„ Во духот на „Еднакво општетсво за сите“ , Националниот совет за родова рамноправност како мрежа на повече од сто женски, локални органзиации, бараме од вас при составување на членови/ки на новата Влада да биде исполнета и една од нашите основни цели:во  и во структурите на одлучување и извршната власт да има повеќе жени„

На крајот од писмото од НСРР му порачауваат на мандаторот дека успешните држави во кои владее рамноправноста гарантираат благостојба на сите граѓани/ки, каква што во иднина сакаме да биде Република Северна Македонија.

Н.Д.