Како штои вети директорката на УЈП, Сања Лукаревска, така и направи – ја објави листата на компании кои ја злоупотребиле државната помош. Според Лукаревска, за ноември 2020 година не била префрлена плата за 782 вработени од вкупно 245 компании кои користат финансиска помош. Информациите од УЈП говорат дека за ноември, минатата година, биле поднесени 13851 барања, а на 13 178 работодавачи им е исплатено 1.028.448.344 денари за вкупно 65 950 вработени. За  245-те работиодавачи се изготвени опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица. Во ноември 351 работодавец исплатиле плата по опомената на УЈП, информираше Лукаревска.

Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други, кои не исплатиле плати на своите работници.

Само колку за потсетување злоупотреба на државната помош за исплата на плати имаше и во вториот квартал, по што кај  компаниите кои не ја исплатиле платата за април, мај и јуни 2020 година, е спроведена присилна наплата за исплата на плата.

Со состојба 3 декември 2020 година априлската плата сè уште не ја исплатиле 50 компании за 108 вработени, платата за мај не ја исплатиле 38 компании за 66 вработени, а за јуни 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број компании кои не исплатиле за еден два или три месеци е 125  и за нив се доставени податоци во ЈО за поведување кривична постапка.

Листата на компании кои ја злоупотребиле државната помош може да ја погледнете ТУКА!

Н.Д.