Организаторот ” Авалон продукција” , со огромно жалење информираше дека иако Комисијата за заразни болети во земјава дозволи да се одржуваат јавни open-air настани со 50% намалени капацитети, земајќи ја предвид масовноста на публиката, фестивалот и воопшто, неговиот концепт, одлучиле OHRID CALLING да го одложат за следната година.

-Сепак, периодов интензивно работевме на тоа истите артисти да ги префлиме за следната година, па така, јубилејното издание на OHRID CALLING ќе биде ТРИ дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 01-ви август 2021 година на истата локација, во касарната во Охрид, велат тие. И, додаваат:

-Поминавме заедно четири незаборавни фестивалски изданија, проследени со многу магични моменти, насмевки, емоции и незаборавни забави. Ќе ја надминеме и оваа кризна и тажна година- обединети! А, кога зборуваме за културата и музиката во Македонија… ние сме секогаш тука да го пронајдеме лекот! Одиме понатаму,додаваат во соопштението.

В.Г.П.