дома Живот Сцена Огнен Здравковски со песна од Тоше го освои жирито на Гранд

Огнен Здравковски со песна од Тоше го освои жирито на Гранд

136

Младиот талентиран пејач Огнен Здравковски со својата маестрална изведба на големиот хит „Тајно моја“ од Тоше Проески предизвика овации во студиото на „Ѕвездите на Гранд“, а жирито едногласно одлучи да се пласира во вториот круг.

На големата сцена Здравковски ја отпеа и „Звао сам је Емили“ од Здравко Чолиќ и покажа дека одлично умее да ги владее и најголемите хитовите во регионот.

Вториот круг започнува многу наскоро, а јавноста со нетрпение очекува повторно да го види Огнен Здравковски на сцената. Видеото погледнете го тука.