Француската полиција уапси денес човек кој минуваше низ центарот на Париз во близина на гробиштата Пере Лашез со мачета во раката.

Портпарол на полицијата изјави дека осомничениот е уапсен во неговата хотелска соба.

Очевидци претходно го пријавиле човекот со мачетата во полиција, која го блокирала делот од градот каде се случил инцидентот, пренесува Ројтерс. А.Н.