Иако беше најавувавно за пред дев недели. брзите тестови за тестирање присутност на вирусот корона од утре пристигнуваат во Македонија, a во текот на оваа недела ќе им бидат на располагање на граѓаните. Како што кажа министерот за здравство утре ќе пристигне донација од 13 000 брзи тестови со кои за 15 минути ќе се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид. Како што кажа Филипче тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето, а не како што беше првично објавено дека ќе бидат дистрибуирани само во поликлиниката Горче Петров. Цената на брзите тестови ќе чини 1.000 денари, а само кај оние пациенти кај кои ќе се утврди присутност ан вирусот ќе бидат обврзани да направа ПСР тест за докажување присутност на вирусот.

Филипче најави дека со ребалансот на буџетот близу 40 милиони денари же бидат наменети за набавка на близу 100.000 тестови во следниот период  со цел МЗ да одговори на сите потреби за тестирање на корона вирусот.

А.Н.