дома Економија Од петок безусловно отворање на границите, а од 1 јули и аеродромите

Од петок безусловно отворање на границите, а од 1 јули и аеродромите

308

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на Република Северна Македонија на денешната 72-ра седница донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Владата денеска донесе одлука од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни.

Отворањето на границите не значи дека македонските државјани ќе можат безусловно да патуваат. Сега за сега само во Србија, Албанија и на Косово можеме да патуваме безусловно, при влез во Бугарија се упатвата на 14 днвен карантин, а Грција се уште ја нема дигнато границата со нашата земја.

Н.Доковска