Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени. Така, цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалува за еден денар по литар, додека на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за еден денар.

Со измените, ЕУРОСУПЕР БС – 95 од утре ќе чини 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе чини 74 ден/л, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 63 ден/л, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 65 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 и килограм ќе чини 39,780 денари. А.Р.