Бензините од полноќ се продаваат со нови цени, реши Регулаторната комисија за енергетика.

Така, од полноќ цените на бензините се зголемуваат за половина денар, па Евросупер БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, додека БС-98 ќе се продава за 68 денари.

Цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство останува иста. Цената на Евродизелот е 56, а екстра лесното масло за домаќинство 45 денари за литар. Цената на мазутот за килограм ќе изнесува 35,843 денари. А.Н.