Од ноќеска на полноќ бензините и екстра лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по цени повисоки за половина денар по литар, додека цената на дизелот ќе се намали за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 72,5 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 74,5 денари/литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 63,5 денари/литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 61 денари/ литар.

Мазутот М-1 НС ќе поскапи за 0,299 денари/ килограм и малопродажната цена ќе изнесува 38,018 денари/ килограм.А.Н.