Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека бензинот и на дизел горивото од вечерва по полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, додека за денар и половина поевтинува нафтата за домаќинствата. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,105 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,876 ден/кг.

Со новите намалувања ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 72,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 за 74,00 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 62,50 денари за литар, Екстра лесното масло (ЕЛ-1) за 62,00 денари за литар, а Мазут М-1 НС за 36,876 денари за килограм.