Од полноќ дизелот и бензините ќе се продаваат по нова повисока цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со новите измени цените на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел, се зголемуваат за 1,00 денар, па Еуросупер БС-95 ќе се продава за 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуродизел изнесува 54,50 ден/литар.

Цените на бензинот Еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1,50 денар, со што цената на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 65,00 ден, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 54,50 ден/литар. А.Н.